Се подготвува катастрофа: Пристигнува циклонот Фани, голема паника во Индија

Индиските власти евакуираа речиси 800.00 луѓе долж источниот брег на земјата воочи доаѓањето на силниот циклон Фани кој се движи преку Бенгалскиот Залив.

Според најавите на метеоролозите, циклонот Фани би можел да донесе екстремно силен ветар со јачина околу 195 километри на час и силен дожд кој се очекува денеска да ја погоди индиската држава Одиша.

Се очекува циклонот да ја зафати зоната каде се населени повеќе од 100 милиони жители.

Бројни метеоролози тврдат дека циклонот Фани би можел да биде најопасниот циклон уште од 1998 година, кога во големо невреме страдааа 10.000 луѓе и големи делови од државата беа уништени, пренесуваат светските медиуми.

Циклонот Фани ќе биде четвртото големо невреме кое ќе го погоди источниот брег на Индија во последните три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот