Се пензионираше стрелецот на најсмешниот кош во историјата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Тревор Букер две години не играше во НБА лигата, откако не доби понуда од ниту еден клуб, па во летото 2018 година се пресели во Кина, но брзо мораше да се врати дома..

Тревор Букер (32) на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека и официјално објави крај на професионалното играње на кошарка. Во својата кариера беше дел од НБА екипите на Вашингтон Визардс, Јута Џез, Бруклин Нетс, Филаделфија Сиксерс и Индијана Пејсерс.

Две години не играше во НБА лигата, откако не доби понуда од ниту еден клуб, па во летото 2018 година се пресели во Кина, но брзо мораше да се врати дома за операција на стапало. Оттогаш се опоравуваше и се обидуваше да се врати во НБА, но без успех.

На Твитер напиша писмо за кое како што призна му требаше два-три дена, се потсети како живееше во град од само 2000 луѓе, потоа за проблемите во колеџот поради неговата висина, но и напорната табота преку која успеа да се најде во првата рунда на драфтот во 2010 година.

Во својата кариера одигра 532 натпревари со просек од 6,9 поени по меч. Едни негови поени дефинитивно ќе останат во сеќавање, и без сомнение може да се смести во Топ 10 најсмешните во НБА историјата.

Настапувајќи за Јута Џез, во еден напад на дуелот против Оклахома немаше многу време за шут, само доволно колку да биде допрена топката, а токму тоа го направи Букер и реализираше еден неверојатен погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот