Се надевам дека Ливерпул ќе се распадне

EPA/ALEJANDRO GARCIA

Екипата на Ливерпул сезонава игра фантастично и во 14. кола во Премиер лигата има скор од дури 13 победи и само едно реми и има 40 бодови, дури осум повеќе од шампионот Манчестер сити кој има и натпревар повеќе.

За разлика од Ливерпул, најголемиот ривал на „црвените“, Манчестер јунајте се наоѓа на 10. место на табелата со само 18 бодови. Доколку Ливерпул триумфира во Премиер лигата, уште сега се знае кој ќе биде најнесреќниот човек во Англија, поранешниот фудбалер и капитен на Јунајтед, Гери Невил.

– Доколку Ливерпул ја испушти предноста која ја има во моментов, тоа ќе ми ја направи годината многу подобра. Искрено, тоа би ми било најдобро искуство, да ги гледаш како имаат 12 бодови предност и потоа да го испуштат водството. Всушност се надевам дека оваа предност ќе ја имаат во март и на крајот ќе се распаднат. Сепак морам да признаам дека покажаа константност во играта последните две години – вели Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот