„Се молиме за Kралот“: Од целиот свет стигнуваат пораки со поддршка за Пеле

фото: EPA-EFE/Ernesto Carriço

Oд целиот свет пристигнуваат пораки со поддршка за бразилската фудбалска легенда Пеле. Трикратниот победник на Светското првенство е во болница на редовен месечен преглед.

Прославениот фудбалер кој има 82 години е примен во болница во Сао Паоло во вторникот на 29 ноември.

Во извештајот од Бразил, кој Би-Би-Си не го потврди, се наведува дека Пеле не одговорил на хемотерапијата и дека се започнува со палијативна нега.

– „Се молиме за кралот“ – напиша францускиот напаѓач Килијан Мбапе на Твитер.

На Пеле му беше отстранет туморот на дебелото црево во септември 2021 година и оттогаш добива редовна терапија.

Нему му беше дијагностицирана респираторна инфекција и беше кажано дека е стабилен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло во петокот.

– Многу сме тажни поради веста дека е болен, но му посакуваме сè најдобро, не само јас, туку и на целиот тим на Англија. Тој е инспирација, неверојатен човек – изјави во саботата капитенот на Англија, Хари Кејн.

Поранешниот германски репрезентативец Јирген Клинсман за Би-Би-Си изјави дека Пеле е „прекрасна личност“.

„Можеме само да се молиме и да се надеваме на најдоброто, но тоа е навистина тажна вест“.

Пеле се огласи: Во болница сум, на редовна контрола

„ЕСПН Бразил“ во средата објави дека Пеле бил примен во болница и дека неговата ќерка изјавила дека нема „итна помош“.

Пеле во петокот им се заблагодари на сите за „добрата енергија“ и рече дека е во болница на „рутинска посета“.

Поранешниот напаѓач сè уште го држи рекордот за најмногу постигнати голови за Бразил – постигна 77 голови во 92 натпревари и освои четири Светски првенства.

– Целиот свет сака да бидеш подобро, Кралу Пеле – објави Сантош, неговиот бразилски клуб на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот