Се чисти отворениот канал на улицата „Загрепска“

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ започнаа со чистење на каналот кој се наоѓа на улицата „Загрепска“, во насока од ресторанот „Два Елена“ до детската болница „Козле“.

– Запуштениот канал во должина од 300 метри се чисти од насобраниот шут и нискостеблеста вегетација, а се чистат и косините на каналот кои се покриени со обрасната трева, гранки, трева и шут. Градот Скопје продолжува со чистење на отворените канали на подрачјето на Скопје и апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во овие канали, со што ги затнуваат и се отежнува протокот на атмосферската вода – велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот