Се бара затворање на термоблоковите во Босна и Херцеговина

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Босна и Херцеговина и овојпат не испрати официјална државна делегација на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, која се одржува во Шарм Ел Шеик под името ЦОП27.

А зошто би пратиле некого во Египет кога не се исполнуваат поставените задачи?

Известувањето кое пристигна на крајот на октомври од Секретаријатот на Европската енергетска заедница најдобро зборува за неисполнувањето на претходно преземените обврски од страна на Босна и Херцеговина. Секретаријатот покрена постапка против Босна и Херцеговина за прекршување на Директивата за големи постројки за согорување (ЛЦПД), а во врска со работата на блокот 4 на термоелектраната Тузла и блокот 5 на термоелектраната Какањ, беше објавено на веб-страницата на Секретаријатот.

Отворено писмо беше доставено до Босна и Херцеговина, што укажува дека понатамошното работење на овие блокови ја прекршува Директивата.

Европската енергетска заедница тврди дека властите во Босна и Херцеговина се обврзале преку Декларацијата дека од 1 јануари 2018 година двете централи ќе престанат со работа по 20.000 часа работа. Речиси две третини од електричната енергија во Босна и Херцеговина се добива од согорување на јаглен, пишува Ројтерс.

„Заканата дојде во бура, бидејќи цела Европа се бори што побезболно да ја помине претстојната зима“, објаснува Амер Јерлагиќ, поранешен директор на Електропривреда Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот