СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата свесно и намерно ја кочат работата на Собранието

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да ја закочи нормалната работа на Собранието, безобѕирно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од коронавирусот и со пратеници кои се изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните.

Ваквата ситуација ќе беше избегната ако опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ со илјадници нелогични амандмани не ги блокираше измените на Деловникот за работа на Собранието, со кои требаше  да се обезбеди работа од далечина на пратениците, кои се позитивни на ковид или се во изолација.

Но, ВМРО-ДПМНЕ блокира само за да блокира, за што зборува и фактот што најавија дека ќе ја блокираат и денешната најавена седница на чиј дневен ред требаше да бидат и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ кочи закони и преку комисиите каде има свои претседатели а една од нив е Комисијата за финансирање и буџет.

Меѓутоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се потпишуваат за присуство во собранието иако не влегуваат во салата, за да земат дневници, од парите на граѓаните, кои ги избрале да ги застапуваат нивните интереси.

Последиците од опструкциите и блокирањето на работата на Собранието и неусвоените закони, ги чувствуваат граѓаните, кои шест пати на избори ја казнија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски.

Реформскиот процес ќе продолжи, но ќе продолжат и поразите на Христијан Мицкоски.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот