СДСМ: Со Предлог-буџетот средства за нови градинки и поддршка на работните места

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Владата предводена од СДСМ со предлог-Буџетот за 2021 година, кој е во собраниска процедура го проектира буџетот на Министерството за труд и социјална политика на 53,1 милијарда денари. Дел од овие средства ќе се искористат за полесно надминување на негативните последици од коронакризата, но и за реализација на капитални инвестиции и објекти, велат од владејачката партија СДСМ.

-Во време на сериозна криза, се обезбедуваат значителни средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, во износ од 538 милиони денари, со што ќе се поддржи отворањето на нови работни места. Во делот за социјални надоместоци во Буџетот за наредната година предвидени се 10,5 милијарди денари. Со овие средства ќе се опфатат околу 300.000 корисници. Обезбедени се средства за зголемување на бројот на домаќинства приматели на гарантиран минимален приход за дополнителни 5.000 домаќинства, со што вкупната бројка на домаќинства опфатени со оваа мерка ќе биде 36.500. Следната година предвидено е да заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е подготовка на Програмата за отпочнување на изградба на нови објекти за згрижување на деца и во руралните средини, односно во средини каде досега немало градинки- стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму навеудваат дека продолжува обезбедувањето на сигурни и одржливи пензии за сегашните и идните пензионери, како мерката за субвенционирање на придонеси на платите, која околу 120 илјади вработени во приватниот сектор ќе добиваат повисока плата.

-Предлог – Буџетот за 2021 година не само што обезбедува навремена помош и поддршка за сите погодени од коронакризата, туку влијае на подобрување на животниот стандард и намалување на невработеноста. Затоа е важно тој да биде усвоен од страна на сите пратеници во Собранието, за грижата за граѓаните да продолжи уште повеќе и уште подобро- наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот