СДСМ: Со илјадници апсурдни амандмани опозицијата го девалвира Собранието

Срамно и неодговорно е однесувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за блокирање на работата на законодавниот дом, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата, реагираат од СДСМ.

– Со поднесување на стотици, илјадници апсурдни амандмани на измените на Деловникот и на повеќе закони опозицијата првенствено им нанесува штета на граѓаните, бидејќи во Собранието треба да се донесат законски решенија за да им се помогне на пензионерите, на самохраните родители, на социјално ранливите категории, на невработените, но и на компаниите и на здравствениот систем, стои во соопштението на владеачката партија.

Несериозно е, според СДСМ, да се поднесат 3.000 амандмани на измена на неколку членови на Деловникот, со кои треба да се обезбеди функционално собрание, со учество на далечина на пратениците кои се во изолација, или да се блокира носење на Законот за здравствена заштита со 500-600 амандмани.

– Опозицијата во собранието, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса, со амандманите како покажување бојадисано јајце, или неносење автомеханичарски ознаки кога пратениците учествуваат во работата на законодавниот дом на далечина, си поигруваат со чувствата на граѓаните и го газат достоинството на Собранието. Пратениците земаат плата од народните пари, бидејќи граѓаните им ја дале довербата да ги застапуваат нивните интереси, а не да ја опструираат и кочат работата на Собранието и од парламентот да прават циркус, институција за потсмев, нагласуваат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот