СДСМ: Сѐ помалку членови на ВМРО-ДПМНЕ на блокадите на Мицкоски

Сѐ помалку членови на ВМРО-ДПМНЕ на блокадите на Мицкоски, граѓаните не веруваат во неговите лаги, не сакаат блокади и деструкции, велат од СДСМ.

– Фијаското на таканаречените протести на Христијан Мицкоски покажува дека дури ниту во неговата партија веќе не му веруваат лагите што секојдневно ги пласира.

Сѐ помалку членови на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во блокадите на Мицкоски, кои ги нервираат граѓаните и го отежнуваат нормалното секојдневно функционирање.

Додека Мицкоски измислува непостоечки проблеми за да си ја здржи фотелјата во белиот дворец, СДСМ, Владата и парламентарното мнозинство остануваат посветени на реформите што носат развој, што носат напредок во интеграцијата кон ЕУ, стои во нивното соопштение.

„Бараме народот да знае што се случува“: Опозицијата денеска повторно на протест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот