„Бараме народот да знае што се случува“: Опозицијата денеска повторно на протест

Фото: Архива

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше двочасовен протест под мотото „Доста е, излези за Македонија“.

Во Скопје беа блокирани дел од крстосниците, а, според најавите од партијата, протести требаше да се одржуваат и во 10 други градови. Протестите се одржуваат поради, како што велат, продажбата на националните и државните интереси од страна на власта.

Според Љупчо Пренџов, пратениците, јавноста и најголем дел од владините министри не знаат за што се преговара.

– Бараме народот да знае што се случува, Собранието да дискутира, бараме еден општествено политички консензус во врска со преговорите со Бугарија или било кој друг сосед, изјави Пренџов.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека заслужуваме сигурна иднина, но и сочувани корени.

– Ние како политичка партија инсистираме македонскиот јазик, македонскиот идентитет, посебноста на македонската историја, заштитата на македонските национални малцинства да бидат јасни црвени линии при преговорите со Република Бугарија. Од тоа нема отстапување, нема назад, стои во објавата на Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот