СДСМ: Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест што самиот го организираше

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина на државата, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста, велат од владејачката партија СДСМ.

-Хистеријата што Мицкоски ја ширеше во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, во обид да се закочи државата, да стави уште една сопка, се издиша како балон. Едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски ги поддржаа лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ. Јавноста синоќа сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство, а Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест, што самиот го организираше. Но, едно е јасно, граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ- велат преку соопштение од СДСМ.

Граѓаните, велат од СДСМ,  знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет, во најтешките преговори во историјата на земјата, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес, кој ја држеше земјата 11 години во изолација.

-Затоа Мицкоски доживеа дебакл на својот протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција– стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот