СДСМ ќе освои доволно пратеници за формирање Влада, смета министерката за одбрана

СДСМ

СДСМ ќе освои доволно пратеници кои што ќе бидат релевантни во Собранието за носење на клучни одлуки и се разбира за формирање на Влада, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Таа додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ навистина има толку голема предност пред СДСМ, тогаш зотшо комплетно потфрлиле во собирањето потписи за претседателскиот кандидат и до ден денес не дале одговор каде се изгубија, според нив, 28 илјади потписи кои ги собрале.

-Се изгубија некаде? Зошто, не беа валидни, не беа како што треба собрани или некоја друга причина. Искрениот однос спрема граѓаните освен тоа што ќе се вадите на тие анкети треба да биде и при вакви некои активности кои што ги имате, знаете како, да го соберете членството, мотивирате симпатизери итн, а притоа на крајот само да одите со потписи од пратеници помалку е нечесно спрема граѓаните“ -рече Петровска.

Таа рече дека СДСМ е единствената политичка партија која во државава го промовираше едно општество за сите.Таа додаде дека нема разидување со ДУИ по прашањето на ЕУ, иако не се настапува заедно на изборите.

Во врска со дел од париите, кои од коалицијата на СДСМ, заминаа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Петровска рече дека не ги коментира таквите одлуки, но СДСМ изминатите седум години, во кои тие беа дел од коалицијата, работеше на сериозните предизвици за враќање во нормала на државата, што беше разрушена од режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали постои простор за подобрување, дали некој од процесите можеле, сега зборам овие реформски зафати и политики, креирање, дали можеле да бидат подобри, апсолутно да, дали ќе бидат подобри, апсолутно да, впрочем затоа и излегуваме на овие избори не само со листи, не само со програма, туку со цела една идеја и концепт како тие да ги подобриме во последниот мандат – рече Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот