Саудиец заработи кривична од МВР

Фото: mia.mk

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Саудиска Арабија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.

Пријавениот, како управител на правно лице од Скопје, изготвил и издал „дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице немало регистрирана дејност во трета или четврта смена.

Исто така, во дозволата што ја издал внел невистинити податоци дека вработениот работи во производствен погон на компанијата и дека ги извршува своите работни задачи во смена во период од 22.00 до 05.00 часот.

На 17.3.2021 во 00.15 часот, на пункт Кружен тек Влае, од страна на полициски службеници бил сопрен вработениот, кој на увид им ја приложил дозволата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот