Сасоли: Заслугите се признати ѝ на Северна Македонија ѝ на Албанија

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Реформите не треба да запрат, да не се дозволи реформскиот процес да запре, порача претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој е во официјална посета на земјава.

-Постојат извесни процедури во престапните преговори. Ние сме во рамки на еден процес, во кој што ЕК го состави овој пакет, доколку процесот започнеше на поинаков начин,ние се разбира ќе се искажевме на поинаков начин, но во овој момент не е можно, а не е ниту пожелно, но ова не значи да не се земат во предвид заслугите на овие земји. Заслугите се признати и на Северна Македонија и на Албанија, не станува збор за заслугите. Сега ние имаме задача да продолжиме по овој пат и верувам дека тие преговори коишто беа покренати во однос на Северна Македонија и Албанија ќе бидат лесно совладливи- рече Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Заев.

За попладнево се најавени и средби со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, а утре ќе се обрати во Парламентот.

Претседателот на европскиот парламент, Давид Сасоли денеска и утре престојува во прва официјална посета на земјава, што воедно e негова прва официјална посета надвор од Европската унија откако стапи на функцијата летово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот