Сасоли: Загрижени сме за Брегзит, нема напредок во преговорите, а остануваат уште 114 дена

Претседателот на Европскиот Парламент (ЕП), Давид Сасоли денеска се сретна со главниот европски преговарач за Брегзит и изрази длабока загриженост за отсуството на напредок во преговорите. Тој нагласи дека Обединето Кралство целосно истапува од Европската Унија (ЕУ) за 114 дена по што правото на ЕУ нема повеќе да важи на Островот, како што е случај за сега, за време на транзициската фаза.

– Времето не е на наша страна и јас сум длабоко загрижен со оглед на недостатокот на напредок во преговорите во оваа доцна фаза, изјави Сасоли.

Сасоли порача дека ЕУ го почитува суверенитет на Обединетото Кралство и дека за возврат очекува почит за фундаменталните принципи на ЕУ.

Претседателот на ЕП призна дека ЕУ не сака „договор по секоја цена”, но ги повика Британците на итен компромис пред крајот на оваа година и очекува од нив да го почитуваат потпишаниот договор и дадените ветувања, особено во однос на правата на граѓаните на ЕУ во Обединетото Кралство и во однос на Северна Ирска.

– Ако Обединетото Кралство го поткопува договорот, тоа ќе има сериозни последици. ЕУ и нејзините институции се целосно обединети за фер договор за граѓаните на ЕУ и на Обединетото Кралство, изјави Давид Сасоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот