Саркози поднесе жалба за пресудата за случајот прислушување: Подготвен и за борба пред Стразбур
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој беше прогласен за виновен поради корупција и трговија со влијание, не ја исклучи можноста да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Историска одлука на парискиот суд: Три години затвор за Никола Саркози, од кои две условно
Судот во Париз вчера донесе одлука за таканаречениот „случај на прислушување”, кој датира од 2014 година. Судот го прогласи Саркози за виновен поради корупција и трговија со влијание и го осуди на три години затвор, од кои две условно. Адвокатот на Саркози, Тиери Херзог и поранешниот судија Жилберт Азиберт, исто така, беа прогласени за виновни за корупција.
– Поднесов жалба на судската одлука и оваа борба можеби ќе треба да заврши во Европскиот суд за човекови права. Ќе биде болно за мене ако биде осудена мојата земја, но јас сум подготвен за тоа, бидејќи тоа е дел од цената на демократијата, истакна Саркози во интервју за весникот „Фигаро”.