Сари откри анегдота за него и Алегри од пред 16 години: Доколку вие двајца сте тренери, тогаш секој може да биде тренер

твитер

На 16 ноември 2003 година во Серија Ц2 играа Санџованезе и Алианесе, а натпреварот заврши без голови. На трибините имаше само 1.400 гледачи, но интересно е што тренерите на двете тогашни екипи се последните двајца тренери на Јувентус. Маурицио Сари беше тренер на Санџованезе, додека Алианесе го предводеше Масимилијано Алегри.

– Во тоа време никој не веруваше во нас. Тој натпревар без голови, а немаше ниту еден шут во рамките на двата гола. По крајот на натпреварот, еден пријател ми рече: „Доколку вие двајца сте тренери, тогаш секој може да биде тренер“.
Се надевам и верувам дека сè уште во мене има дел од стариот Сари. Духот ми е ист, не го сменив начинот на кој гледам на фудбалот. Емоциите кои ги почувствував на натпреварот Санџованезе – Монтевархи се нешто што ретко повторно сум го доживеал во кариерата, дури играјќи и финале на Лигата на Европа – изјави Маурицио Сари.

Маурицио Сари моментно е тренер на Јувентус, а минатата сезона со Челси триумфира во Лигата на Европа, додека Масимилијано Алегри изминатото лето си замина од „старата дама“ откако пет години по ред триумфира во Серија А, а играше и во две финалиња на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот