Сари ја одби Фиорентина, ги чека понудите на Рома и Наполи

epa08238643 Juventus' coach Maurizio Sarri during the Italian Serie A soccer match S.P.A.L vs Juventus FC at Paolo Mazza stadium in Ferrara, Italy, 22 February 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Маурицио Сари денеска ја одбил понудата да седне на клупата на Фиорентина, пренесоа италијанските медиуми.

Сари од јуни 2019 година па се до август минатата година беше тренер на Јувентус од каде доби отказ по испаѓањето во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Тој се уште се наоѓа под договор со Јувентус до 2022 година, а „старата дама“ може до крајот на месецот да го раскине договорот и да му исплати на Сари 2.5 милиони евра.
Сари најави дека планира од наредната сезона повторно да биде тренер и поради тоа го контактираа Фиорентина, Наполи и Рома, но тој ја одбил понудата на „виолетовите“.
Медуимите сметаат дека Сари чека официјална понуда од Рома или Наполи бидејќи сака да тренира тим кој ќе игра во европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот