Санирањето на пследиците од сајбер нападот ќе го чини МЕПСО 8,7 милиони денари

фото: Слободен печат

Јавната набавка предвидува изготвување на анализа на дигитални докази и форензика, но и враќање на податоци од датотеките кои беа цел на сајбер нападот.

8,7 денари ќе плати МЕПСО за справување од последиците од сајбер нападот кој пред месец и половина три дена го остави Акционерското друштво без серверите и веб страницата, јавува ТВ Сител. Јавната набавка предвидува изготвување на анализа на дигитални докази и форензика, но и враќање на податоци од датотеките кои беа цел на сајбер нападот.

Нападот во МЕПСО го извршија две хакерски групи, но брзата реакција на ИТ експертите од приватниот сектор спречи државната компанија да плаќа откуп за податоците.

Со влегувањето на државата во НАТО Алијансата македонските институции станаа уште попривлечни за хакерските групи. Но државата доцни како со дигитализација, така и со заштитата на податоците кои се чуваат на интернет. Прашањето за дигитална безбедност допрва ќе мора да стане приоритет за властите. Државата нема ниту стратегија за сајбер безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот