Сане и официјално фудбалер на Баерн до 2025 година

twiter

Лерој Сане денеска откако ги помина лекарските прегледи потпиша петгодишен договор со шампионот во Бундеслигата.

Баерн Минхен денеска го официјализира трансферот на второто засилување за наредната година. Лерој Сане ќе биде новата десетка во баварскиот тим откако денеска стави параф на петгодишниот договор со кој ќе заработува околу 17 милиони евра по сезона.

Неговиот поранешен тим Манчестер сити ќе добие 50 милиони евра, а преку дополнителни бонуси сумата може да се зголеми за уште 10 милиони евра.

Сане денеска ги помина лекарските прегледи по што стави потпис на договорот и се сликаше со челниците на Баерн, но фотографиите изненадувачки се појавија пред време бидејќи ги пласира официјалната твитер страница на баварците на арапски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот