Сандански тагува по Ивон (3) и Васил (5), сослушана мајката: Сакаа да ми ги земат, е нека ми ги земат сега!

Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Сандански откако вчеравечер беа убиени две деца на возраст од 3 и 5 години од страна на нивната мајка, соопштија од општината.

По наредба на градоначалникот Атанас Стојанов, денешниот ден -20 ноември е прогласен за Ден на жалост во знак на сеќавање на трагична смрт на тригодишната Ивон и петгодишниот Васил. Знамињата во градот ќе бидат на половина копје, сите јавни прослави се забранети. Почивајте во мир, ангелчиња!, напиша градоначалникот на својот Фејсбук профил.

Децата се убиени вчера попладне од страна на нивната мајка во нивниот дом во центарот на Сандански. По убиството и мајката и таткото на децата се приведени.

Мајката во полицијата изјавила дека била во бракоразводна постапка: „Сакаа да ми ги земат децата!? Е нека ми ги земат сега“, изјавила таа пред истражителите, пренесува порталот Струма.ком.

Случајот потсетува на големата трагедија која во февруари 2009 година се случи  во селото Осиково, каде Манчо Панјуков ги закла двете деца, по што ја запалил куќата во која имало и други роднини. Се обидел притоа да ја убие и сопругата, но таа едвај се спасила од пожарот, но починала два месеци подоцна.

ВИДЕО | Крвава драма во Сандански: Мајка си ги закла децата на возраст од 3 и 5 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот