Санчез: Сакав да го напуштам Јунајтед по првиот тренинг!

twitter.com/zayediqbal0

Играчот на Интер се сети на престојот во Манчестер јунајтед и откри дека не бил особено среќен на „Олд Трафорд”.

Напаѓачот Алексис Санчез потпиша со „црвените ѓаволи” во јануари 2018 година, по разделбата со екипата на Арсенал.

Сфатив многу работи по мојот прв тренинг. Само што се вратив дома, го прашав мојот менаџер дали можеме да го откажеме договорот и да се вратиме во Арсенал. Не ми се допадна нешто, но веќе потпишав. Поминаа месеци и јас продолжив да се чувствувам исто.

Не бевме обединет тим. Новинарите кажуваа што сакаа. Поранешните играчи исто така коментираа и немаа идеја што се случува во клубот. Навредливо е. Ние едноставно не бевме едно семејство во соблекувалната и тоа беше очигледно на теренот. Доколку некој требаше да биде обвинет, тоа бев јас – вели Санчез.

Се чини дека Чилеанецот конечно ја најде фудбалската среќа откако се врати во добра форма во Интер и потпиша постојан договор со „нероазурите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот