Самсоненко повеќе нема да биде во Вардар

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бекот на актуелниот европски ракометен шампион, Сташ Скубе, открива дека сопственикот Сергеј Самсоненко им потврдил дека си заминува од клубот.

Ракометарите на Вардар минатата година направија неверојатен успех, по втор пат триумфираа во Лигата на шампионите иако клубот беше во финансиски проблеми и тие играа речиси без пари.

По освојувањето на титулата, вардарци и сопственикот добија финансиски инјекции од македонските институции но и тоа не беше доволно за да се надмине кризата по што проблемите со финансиите останаа главен проблем и во новата сезона, ракометарите со месеци немаат земено плата.

Бекот кој е меѓу најзаслужните за ланскиот триумф, Сташ Скубе, во„подкастот“ за ракометниот сајт „Балкан Хендбол“ открива дека Самсоненко по завршување на сезоната си заминува од Вардар и дека иднината на ракометарите е нејасна.

„Тешко е, да. Сите ние го сакаме ракометот, но треба и некако и да преживееш. Не сме ние фудбалери или кошаркари кои заработуваат милиони. Ситуацијата е тешка, но ние покажавме дека се може и без тоа, сепак, важно е да се заработи нешто. После Келн беше кажано дека сè ќе се среди, дека ќе се подобри ситуацијата, дека ќе биде повторно силен Вардар, но за жал ништо од тоа не се случи. Јас сум оптимист и искрено се надевам дека работите ќе тргнат на подобро. Сакаме чесно до крајот да ја доиграме сезонава, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Она што го знаеме е дека Сергеј Самсоненко нема да биде во клубот, јас не знам да кажам што ќе се случува следната сезона. Скопје живее за ракометот, затоа и се надевам дека ќе се најде некој што ќе го врати Вардар на посакуваните патеки“, истакна Скубе во разговор за „Балкан Хендбол“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот