Самсоненко нов член на Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет

Фото: facebook/Makedonski Olimpiski Komitet MOK

На 36 дена пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио (23 јуни – 8 август 2021 година), денеска во олимпискиот дом на Македонскиот олимписки комитет, СЦ „Јане Сандански“ се одржа редовното Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

На почетокот на Собранието, Претседателот на МОК, Даниел Димевски изрази голема благодараност до потпретседателот на МОК, Димитар Костадинов како и до Сергеј Самсоненко, кој е нов член на Управниот одбор на МОК, за реализација на партнерскиот договор со кој МОК се здоби со правото на користење на овој фантастичен спортски објект.

Димевски потенцираше дека овој нов Олимписки дом е дом на МОК, но и на сите Национални спортски федерации, спортски клубови и спортисти и изрази големо задоволство од големиот дел на нови спонзори на Националниот олимписки комитет.

Претседателот Димевски изрази задоволство од двете „А“ Олимписки норми со кои Дејан Георгиевски и Магомедгаджи Нуров се сериозни кандидати за освојување на олимписки медал во Токио, одбојкарите и фудбалерите се пласираа на Европското првенство, тука се и ракометарите, но и другите спортови бележат нагорен успех на меѓународен спортски план.

За членови на УО на МОК едногласно без избрани Даниел Димевски-претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (ВЕРО), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (РЕПЛЕК), Ленче Алексовска-Величковска, како и Националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.

Воедно беше презентиран Деловникот за работа на Собранието како и новиот Статут со кој се регулираат правата и обврските на олимписките Национални спортски федерации кои секогаш ќе го имат мнозинството во Собранието и во Управниот одбор на МОК, а се зголемија и ингеренциите на Спортско Арбитражниот суд на МОК со кои во иднина ќе се спречат двојните раководства во Националните спортски федерации и споровите меѓу спортистите и спортските клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот