Самостојна изложба на Бурџу Мусли е поставена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје
Изложбата „Абла’с хендс“ (Abla’s hands) на Бурџу Мусли е составена од фотографии, предмети и сцени, која ја истражува внатрешната сила на жената и нејзината невидлива борба со емоционалните и социјалните предизвици. Изложбата говори за отпорност, сочувство и спротивставување на манипулации, стереотипи и психолошки притисоци.
Препорачано
Лажни врски и улоги создадени од очекувањата на Другите. Деца родени во свет обликуван од вештачки системи. Иако во современиот контекст темата на физичкото насилство е сè поактуелна тема на разговор, психолошкото насилство врз жените останува тивко присутно насекаде, но често премолчено, завиено и незабележливо, дури и за неговите жртви.
Покрај тоа, патријархалниот свет постојано продуцира бројни илузорни слики за жената, сексуални стереотипи кои се далеку од вистинската реалност и ја редуцираат нејзината комплексност.
Оваа изложба ја прикажува жената која се спротивставува на тие лажни наративи и ја слави својата внатрешна моќ. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 1 декември, во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје.
Бурџу Мусли (1997, Скопје) е визуелна уметничка која дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.
Нејзиното творештво опфаќа различни медиуми, вклучувајќи дигитална фотографија, колаж, видео, инсталација и дизајн на облека. Во своите дела, таа истражува теми поврзани со женскиот идентитет, сексуалноста и положбата на жената во општеството.
Нејзиниот уметнички израз вклучува и елементи на танц, сценографија и моден дизајн, создавајќи повеќеслојни и емотивно богати и храбри композиции. Бурџу Мусли има реализирано повеќе самостојни изложби и беше еден од финалистите на награда „Денес“ во 2023 година.


