Сакате задник како Џенифер Лопез? Пробајте платипус од!

џенифер лопез
Фото: Принтскрин / Instagram

52-годишната пејачка изгледа неверојатно и постојано занемува со својот изглед и појавувања во јавноста. Но, иако од неодамна отворено го носи сјајот на љубовта на своето лице, за своето тело сепак се грижи и на друг начин – со вежбање на вежбата „одот на платипус“.

Пејачката и актерка применува интензивна фитнес рутина, која вклучува и мост подигнувања и различни стомачни вежби, но според нејзиниот тренер Дејвид Кирш има една конкретна вежба која доведува до нејзината автентична фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За одржување на нејзините нозе и задник, кои се нејзин познат белег, посакуван елемент и пример за сите жени, Џеј Ло применува специфична целна вежба – „одот на платипусот“.

Насловена по клунарот, вежбата наликува на одот на ова животно бидејќи се изведува со раширени колена нанадвор, во чучнат став и исправен грб. Помеѓу фитнес ентузијастите таа е позната и како чекорење во „сумо чучањ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Kirsch (@davidkirsch)

На видеото кое го сними нејзиниот тренер Џеј Ло го прикажа правилното изведување на вежбата, најпрвин со чекорење нанапред, а потоа и наназад во втор сет.

Интересно е што, иако оваа вежба се потенцира и претежно применува за одлично дефинирање на мускулите од задникот и внатрешноста на нозете, тоа е всушност вежба која го тонира целото тело вклучувајќи ги и вашите стомачни доколку се изведува правилно, а тука лежи и тешкотијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Како да изведете „платипус од“?

Потребно е да потклекнете со колената под агол од 90 степени и да ги насочите колената нанадвор и настрана, а не нанапред.

Исто така и колената треба да бидат праволиниски над стапалата, а поголемиот дел од вашата тежина да лежи на вашиот зглоб.

Откако ќе ја погодите правата форма, започнете да чекорите најпрво со едната, па со другата нога, но без да ја менувате телесната положба.

За нејзино изведување не се потребни тежини или било каква опрема, и сè што е потребно е подот на кој ќе чекорите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Kirsch (@davidkirsch)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот