САД РАСПОРЕДУВААТ 500 ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА: Стравуваат од евентуална агресија од Русија

Фото: EPA / Zurab Kurtsikidze

САД ќе испратат во октомври 500 војници во Литванија за период од шест месеци.

– Пораката е дека американските сили може да дојдат во бројност што е неопходна – изјави министерот за одбрана на Литванија, Рајмундас Кароблис.

Целта на распоредувањето на тој контингент е зајакнување на позицијата на НАТО наспроти воено присуство на Русија во регионот, јавија американски медиуми.

САД инвестираат во Европа за да одвратат евентуална агресија од Русија со трошење на воена обука, надградба на бази и распоредување на американската војска и опрема.

Но, во исто време, претседателот Доналд Трамп ги повикува своите европски сојузници трошат повеќе за одбрана.

Москва нагласи дека нема намера да интервенира во балтичките земји и Полска и го обвинува НАТО за дестабилизирање на Европа со распоредување војници во близина на границите на Русија.

Освен војници новиот американски контигент ќе биде составен и од 30 тенкови Ејбрамс, 25 оклопни возила Бредли и 70 други возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот