САД ќе воведе специјални мерки за патниците од африканските земји погодени од ебола

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека ќе воведе специјални мерки за патниците кои пристигнуваат од африканските земји погодени од ебола.

Почнувајќи од следната недела, патниците од Гвинеја и Конго ќе бидат пренасочени кон шест американски аеродроми каде што ЦДЦ ќе може да ги следи, објави веб-страницата „Хил”.

„Авиокомпаниите ќе собираат и испраќаат податоци за патници до Центарот за превенција и контрола на болести кои биле во Конго и Гвинеја во последните три недели”, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Последните неколку недели се појавија неколку случаи на ебола во овие африкански земји, а не толку одамна од оваа епидемија починаа повеќе од 10.000 луѓе.

Ниту еден случај на ебола не е пријавен во САД од 2015 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот