САД им понудиле техничка помош на Иран за да се справат со коронавирусот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

САД во моментов не е вклучена во непријателства кон Иран и на Техеран му понуди техничка помош во справувањето со епидемијата од новиот коронавирус, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

-Ние и дадовме понуда на Исламската Република за помош – им соопшти Помпео на конгресмените откако го притиснаа околу глобалниот одговор на заразата, во сослушувањето во Конгресот што во фокусот го имаше Иран.

Американските конгресмени се загрижени дека во Иран е забележана сериозна појава на коронавирусот, додека нивниот здравствен систем е ослабнат.

Помпео истакна дека здравствениот систем во Иран не е стабилен и додаде дека Техеран не споделува информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот