Ружин: Резолуцијата е документ за внатрешна употреба со предизборна димензија

Нано Ружин / Фото: Слободен печат

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските позции во разговорите со Софија е непотребна, а ако не се постигне консензус, подобро да не се става на дневен ред во Собранието, оти така ќе нанесе штета, вели професорот Нано Ружин.

– Целта е да се потврди она што цело време го зборува власта, дека за македонскиот јазик и идентитет не се преговара, но таа нема да има особен ефект. Оваа резолуција повеќе е за внатрешна употреба, отколку за надворешна, затоа што таа нема правно дејство, нема правни аспекти. ВМРО-ДПМНЕ сака да се потврди себеси како чувар на македонскиот идентитет и ја пласира за да ги зајакне своите позиции во пресрет на локалните избори. Но, нашиот идентитет е утврден и признат и нема потреба да се потврдува на ваков начин. Ова ми личи како онаа акција на Фејсбук кога луѓето пишуваа јас сум Трајко Трајковски, јас сум Македонец, а тоа е тафтологија – вели Ружин за „Слободен печат“.

Тој додава дека постои можност овој настан да биде земен во лоша конотација од бугарска страна во контекст на решавањето на спорот.

– Кога темата ќе се отвори, за неа ќе се расправа и се плашам тоа да не предизвика повеќе несакани ефекти. Секако дека треба да се донесе со консензус. А СДСМ немаше каде да оди во ситуацијата во која го стави ВМРО-ДПМНЕ, едноставно не можеше да каже „не“. Затоа сметам дека сето ова има и предизборна димензија – вели поранешниот амбасадор во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот