Руските тенисери после 15 години го освоија Дејвис купот

Вториот светски рекет Данил Медведев го донесе решавачката поен за Русите во финалето против Хрватите/Мадрид, Шпанија/5 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Селекцијата на Русија триумфираше во Дејвис куп натпреварувањето, по третпат во својата историја откако денеска во финалето ја совлада Хрватска.

Сите дилеми беа решени во сингл мечевите, на првиот дуел Андреј Рубљов со резултат 2:0 во сетови 6:4 и 7:6 (5) го совлада Борна Гојо.

На втората средба вториот светски рекет Данил Медведев со 7:6 (7) и 6:2 беше подобар од Марин Чилиќ.

Претходно Русите славеа во Дејвис купот во 2002 и 2006 година, а Хрватите досега тоа им успеа двапати.

Русија доминира во репрезентативниот тенис – Медведев, Рубљов и останатите играчи на почетокот од годината доминираа на АТП купот во Австралија.

Воедно Русија е моментно освојувач на „Били Џин Кинг“ купот, елитното репрезентативно тениско натпреварување во женска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот