Руските научници развиваат експериментални вакцини против коронавирусот

Фото: Профимедиа

И Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, исто така почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија.

Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, кои ги развиваат научници во рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор”, ќе бидат тестирани во јуни, објави денеска сибирскиот огранок на Руската академија на науките.

– Развиваме две вакцини, нивните прототипови би требало да бидат тестирани во јуни, рече извршниот директор Ринат Максутов.

Според него, Вектор веќе создал два дијагностички комплети за новиот коронавирус.

И Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, исто така почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија.

Од коронавирусот досега починаа 80 лица, а 2.700 се разболеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот