Рускиот амбасадор ги нарече „бестселер“: Вакцинацијата со „Спутник В“ започнува во среда

epa08981472 (FILE) - A nurse shows the vaccine against Covid-19 to apply it to doctors and health workers, after the arrival of the first 20,000 doses of the Russian Sputnik V, at the Japanese Hospital of Santa Cruz, Bolivia, 29 January 2021 (reissued 02 February 2021). Results of a study published in The Lancet on 02 February 2021 say that the Russian Covid-19 vaccine Sputnik V has an efficacy of 91.6 percent. The vaccine had been rolled out by Russia before Phase 3 trials were finished. EPA-EFE/JUAN CARLOS TORREJON

Пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутник В” во нашата земја. Ова е прва количина од 3000 дози, со тоа што ќе се обезбеди континуитет на процесот на имунизација што веќе започна во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по приемот на пратката на меѓународниот аеродром во Скопје.

Министерот посочи дека и во текот на следните денови ќе ја продолжат интензивната комуникација со цел да разговараат и да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини.

Тој изјави дека вкупно нарачани се 200 илјади дози.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански”. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.
-Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација, рече Филипче.

Тој изрази благодарност до амбасадорот на Руската Федерација во Северна Република Македонија, Сергеј Баздникин, за неговиот личен ангажман овие количини во земјава да пристигнат што побрзо.

Амбасадорот Бездникин кој исто така денеска присуствуваше на приемот на оваа прва пратка вакцини рече дека е убеден оти ова ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и враќање на македонската економија во траекторијата на раст.

-Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси, рече амбасадорот.

Според Бездникин, добро се знае дека Спутник е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Тој рече дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер”.

-Со Северна Македонија вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија. Сега е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации, додаде амбасадорот.

Тој им посака на сите добро здравје, а на храбрите македонски лекари и медицинскиот персонал им посака брза победа во борба против пандемија во која, како што посочи, оваа руска вакцина ќе биде вредно оружје. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот