Руската војска го приведе генералниот директор на АЕЦ Запорожје

Запорожје / Фото Andrey BORODULIN / AFP / Profimedia

Генералниот директор на окупираната од Русија украинска нуклеарна централа во Запорожје, е задржан од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом.

Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.

Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи е одведен во непознат правец, се вели во соопштението.

„Неговото приведување од страна на (Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа”, изјави претседателот на „Енергоатом” Петро Котин и побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

Русија засега не потврди дека го привела директорот на централата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот