Руска новинарка нападната во Чеченија: Ѝ ја избричиле главата, ѝ скршиле неколку прсти и ја полеале со зелена боја

Руска новинарка нападната во Чеченија: Ѝ ја избричиле главата, ѝ скршиле неколку прсти и ја полеале со зелена боја / Фото Твитер

Истакната руска новинарка и адвокат биле нападнати и тешко повредени откако нивниот автомобил бил запрен од неколку маскирани лица во Чеченија. Јелена Милашина, новинарка од „Новаја Газета“ и адвокатот Александар Немов биле нападнати додека патувале од аеродромот кон регионалниот главен град Грозни.

„Новаја газета“ минатата година ја загуби лиценцата за медиуми во Русија, а се шпекулира дека одлуката е политички мотивирана. Парот сега е во болница во Грозни.

Напаѓачите и ја избричиле главата на Милашина, и скршиле неколку прсти и и ја полеале главата со зелена боја, соопшти организацијата за човекови права Меморијал. Двајцата требало да пријават за пресудата на Зарема Мусаева, Чеченка обвинета за напад на полицаец. Тие ги удираа брутално со клоци, вклучително и по лицето, им се закануваа со смрт, им држеа пиштол на главите, им ја одзедоа опремата и ја искршија“, објави Меморијал на Телеграм.

Се вели дека им се заканувале и поради нивната работа: „Додека ги тепале, тие им рекле: „Вие сте предупредени, бегајте одовде и не пишувајте ништо“. Немов бил прободен со нож во ногата, а мотивот за нападот е „казна“ за нивното пријавување.

Руските медиуми објавија дека претседателот Владимир Путин бил свесен за ситуацијата, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е неопходен „енергичен“ одговор на нападот.

„Потребни се верификација и истражни дејствија во врска со позадината на овој напад“, рече Песков.

Со соопштение за поддршка на новинарката и адвокатот излезе и Министерството за дигитална трансформација.

„Новинарката додека ја врши својата работа не смее да биде изложен на малтретирање и тортура“, се вели во соопштението. „Очекуваме дека овој случај ќе биде детално истражен и сторителите ќе бидат казнети“, се додава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот