Русија усвои закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руските парламентарци денеска усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица.

„Оваа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца“, рече претседателот на Долниот дом на Парламентот (Дума), Вјачеслав Володин.

Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз.

Сепак, од почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти почнаа да воведуваат конзервативни мерки, особено против ЛГБТ заедницата.

Како образложение се наведува желбата да се елиминира однесувањето кое е „девијантно и увезено од Запад“.

Предлог-законот помина на третото и последно читање. Сега тоа треба да биде потврдено од Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата. Потоа следи потписот на претседателот Владимир Путин за да стапи во сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот