Русија исклучена од Европската конвенцијата за човекови права

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Руската Федерација од денеска повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, согласно Резолуцијата на Советот на Европа, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права.

Во соопштението се потсетува дека Резолуцијата за престанок на членството на Русија во Советот на Европа беше усвоена од Советот на министри на 16 март. За решавање, велат од Судот, остануваат претставките испратени против Руската Федерација во врска со дејствија или пропусти кои можат да претставуваат повреда на Конвенцијата, под услов да се случиле пред 16 септември.

На 5 септември, пленарната седница на Судот формално го зеде предвид фактот дека Русија престанува да биде договорна страна на Конвенцијата. Во врска со ова, канцеларијата на Судот во однос на Руската Федерација исто така престанува да работи. Во моментов има 17.450 претставки против Руската Федерација пред Европскиот суд, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот