Русија и Србија влијаат во спорот меѓу Скопје и Софија, вели бугарскиот аналитичар Владимиров

Фото: Телма/принтскрин

Во односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, а најмногу во однос на наметнатото вето од страна на Бугарија, има влијание на трети страни и тие трети страни за мене се прилично јасни – тоа се Србија и тоа е Русија, изјави во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров.

Тој оцени дека влијанието на Русија во Бугарија е многу силно, што најдобро се гледа кога ќе се погледне економијата во земјата.

„Најголемата фирма во Бугарија е во руска сопственост, тоа е Лукоил Бугарија. Над 95% од нафтата и гасот во Бугарија доаѓаат од Руската Федерација. Имаме огромна зависност од Русија. Реформската влада на Петков е првата влада во новата политичка историја на Бугарија, значи 30 години од 90-тите, кое работеше и за еден месец ќе ја пушти гасоводната врска со Грција, како алтернативен извор за достава на гас. Тоа е разликата меѓу тоа што беше досега во Бугарија и новата реформска влада. Русија има огромно влијание во Бугарија“, вели Владимиров.

Според него, двајцата највисоки бугарски функционери во моментов, премиерот и претседателот, имаат различни гледни точки, кои се очигледни.

„Претседателот Радев е претставник на поконзервативната политика, дури во одреден степен, на малку повеќе националистичката политика, додека премиерот Кирил Петков е претставник на полибералната, поевропската политика“, оцени Владимиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот