Русија: Америка има обврска да го почитува договорот со Иран

САД се обврзани да го почитуваат нуклеарниот договор кој е потпишан со Иран, изјави заменикот на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Рјабков.

Како што тој укажа, Америка со овој потег му нанела тежок удар на еден од најзначајните дипломатски успеси во денешницата, со што се одделила од светската заедница и во целост го игнорирала меѓународното право.

– Инсистираме на тоа Америка да ја врати почитта кон овој документ. Тамошните власти добро да размислат во каков контекст треба да се користат уцени како инструмент – додал тој.

За потсетување, нешто порано Иран соопшти дека до крајот на месецот ќе ги надмине резервите со ниско збогатен ураниум, кој е предвиден со нуклеарниот договор и тоа за 300 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот