Роналдо: „Олд трафорд“ отсекогаш бил магично место

Кристијано Роналдо не можеше да посака подобар кам-бек во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо во кам-бекот во Премиер лигата и во Манчестер јунајтед постигна два гола во победата на неговиот тим од 4:1.  Португалецот по пауза од 12 години летово се врати во Јунајтед за кого настапуваше од 2003 до 2009 година.

„Моето враќање на „Олд трафорд“ е само краток потсетник зошто овој стадион е познат како „Театар на  соништата“. За мене ова отсекогаш било магично место на кое можете да постигнете се што ќе ви падне на ум. Горд сум што се вратив во Манчестер јунајтед и што повторно играм во Премиер лигата, но пред се среќен сум што му помагам на тимот. Одиме ѓаволи“, порача Роналдо.

Португалецот со 36 години и 218 дена стана третиот најстар стрелец за екипата на Манчестер јунајтед во клупската историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот