Роналдо му помага на Јувентус: Сам бараше да му се намали платата

По секоја цена сака да си оди од Торино и Серија А/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Кристијано Роналдо ужива во животот во Торино и во настапите за Јувентус во Серија А и Лигата на шампионите и е подготвен да остане подолго од 2022 година кога му истекува договорот со „старата дама“, а финансиските услови не му се пресудни, тврди „Тутоспорт“.

Како што јавува весникот, Јувентус кој пријави загуби од 113.7 милиони евра за првите шест месеци од сезоната 2020/21, Португалецот одлучи да го растерети буџетот на тимот за 30 проценти од своите примања.
Имено, „Тутоспорт“ пишува дека Роналдо сам барал да му биде намалена платата за да може да му помогне на клубот, а наводно се одрекол и од процент од маркентиншките права на неговото име.

Освен тоа, што бараше да му биде намалена платата, Кристијано Роналдо им најавил на челниците на клубот дека е подготвен да потпише нов договор.
Португалецот во Јувентус пристигна 2018 година од Реал Мадрид во трансфер вреден 105 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот