Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Роналдо го надмина рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

И оваа вечер во најквалитетното европско клупско натпреварување, еден од најголемите фудбалски мајстори е во центарот на вниманието, ѕвезда која блеска веќе скоро две децении.
Кристијано Роналдо кој од оваа сезона го носи дресот на Манчестер јунајтед повторно испиша фудбалска историја.
Некои ќе кажат и не е некоја вест што Роналдо повторно руши рекорд, дека тој тоа го прави во текот на целата кариера, што е сон на многу млади играчи.
Португалецот го запиша 178 настап во ЛШ и така го надмина својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Икер Касиљас.
Шпанскиот легендарен голман остана на 177 настапи, следуваат Меси и Чави со по 151 настап, Рајан Гигс има 145, Раул 142, Паоло Малдини 135, Карим Бензема со 132…
CRISTIANO RONALDO PASSES IKER CASILLAS TO BECOME THE ALL-TIME LEADER IN CHAMPIONS LEAGUE APPEARANCES WITH 178 💫 pic.twitter.com/fZR5BbAUNP
— B/R Football (@brfootball) September 29, 2021
Неверојатна статистика на Меси против клубовите од Премиер лигата
Роналдо е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 135 голови, и поради тоа е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Интересен е и податокот кој вели дека дуелот против Виљареал му е вкупно 20-ти во кариерата, а како играч на Реал против овој клуб постигна дури 13 голови.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5