Неверојатна статистика на Меси против клубовите од Премиер лигата

Аргентинската ѕвезда која од оваа сезона ги брани боите на францускиот шампион ПСЖ, досега најмногу ја тресеше мрежата на Арсенал, дури деветпати во шест натпревари.
Лионел Меси во вторникот го постигна првиот гол во дресот на париските „светци“, поточно во ЛШ, во домашната победа над Манчестер сити (2:0).
Дуелот против „граѓаните“ и голот на Меси само го докажа тоа што веќе се зборува со години.
А тоа е дека пресметките со англиските клубови му се особено омилени на аргентинскиот „волшебник“.
Меси одигра 35 натпревари против клубовите од Премиер лигата на кои постигна дури 27 гола!
BleacherReport: RT @brfootball: vs. Liverpool: 4 games, 2 goals
vs. City: 7 games, 7 goals
vs. United: 6 games, 4 goals
vs. Chelsea: 10 games, 3 goals
vs. Arsenal: 6 games, 9 goals
vs. Spurs: 2 games, 2 goalsLeo Messi has an incredible record against P… pic.twitter.com/0BXcNzAMsm
— Koncorde Krash (@Koncorde_Krash) September 29, 2021
По ред, тој најмногу ја затресе мрежата на Арсенал, дури девет пати на шест натпревари, постигна седум гола на седум натпревари против Сити, постигна четири гола против Манчестер јунајтед на шест натпревари, трипати против Челси на 10 натпревари, Ливерпул двапати на четири средби, и два гола против Тотенхем со кој се сретна двапати.
Меси е пресреќен по деби голот за ПСЖ: Многу го посакував овој гол, ќе бидам сè подобар