Рома е фаворит за потписот на „кралскиот“ напаѓач“!?

фото: твитер

Најновите информации околу иднината на Лука Јовиќ велат дека три гиганти од Италија и Манчестер јунајтед се во трката за потписот на српскиот играч.

Рома е фаворит за потписот на напаѓачот на Реал Мадрид, а тренерот Зинедин Зидан истакна дека е најдобро Јовиќ да игра една година како позајмица во редовите на римската „волчица“.

Според шпанскиот „АС“, Србинот ја заврши својата епизода во „кралскиот“ клуб, до понеделник (последниот ден од преодниот рок) се очекува да ја промени средината и да се пресели во Италија.

Покрај Рома, уште Интер и Милан ја следат ситуацијата со фудбалерот, а интерес покажуваат и „црвените“ ѓаволи од Олд Трафорд.

Јовиќ немаше добра сезона минатата година, во Реал и натаму имаат големи очекувања од него. Дојде на „Сантјаго Бернабеу“ од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра, но не успеа да се наметна во силната конкуренција каде Карим Бензема игра во животна форма, а Зидан користи формација со еден класичен напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот