РОХАНИ ЗА УБИСТВОТО НА СУЛЕЈМАНИ: Иран и другите слободни земји од регионот ќе и се одмаздат на криминалната Америка!

Фото: EPA/ Abedin Taherkenareh

Маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам, вели Рохани.

Иран и „слободните земји од регионот” ќе им се одмаздат на САД за смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, убиен во американски ракетен напад во Ирак, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани, цитиран од француските медиуми.

– Нема никаков сомнеж дека големата земја Иран и другите слободни земји од регионот ќе и се одмаздат на криминалната Америка за ова ужасно убиство, рече Рохани во соопштение објавено на сајтот на владата.

– Маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам и да ги заштитува нашите исламски вредности – уверува иранскиот претседател, цитиран од државната телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот