Рохани: Иран нема да претпри голема штета од падот на цените на нафтата

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT

Иран нема да претрпи голема штета како останатите земји од падот на цените на нафтата поради тоа што не зависи од другите земји кога станува збор за извоз на сурова нафта, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

– Ќе бидеме помалку оштетени од другите земји поради падот на цените, затоа што нашата економија помалку се потпира на извозот на нафта, истакна Рохани.

Цените на нафтата и денеска продолжија да се намалуваат, а берзите се борат со огромен прилив на „црното злато” поради пад на побарувачката за сите нафтени производи поради кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот