Родригез тренира со Реал после 787 дена (ФОТО)

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Колумбиецот Родригез учествуваше во работата на тимот во „Валдебебас” каде што екипата се подготвува за настапот на традиционалниот турнир „Ауди куп” во вторник и среда.

Последен пат беше дел од тренинг на Реал на 2 јуни 2017 година, еден ден пред финалето од фудбалската Лига на шампионите која ја освои неговиот тим, но не беше дел од составот.

Две сезони беше на позајмица во редовите на Баерн, каде што неговите настапи беа променливи и сега, исто така е малку веројатно дека ќе остане во мадридскиот гигант.

Интерес за него има од Атлетико Мадрид и Наполи, тој не влегува во плановите на Зинедин Зидан и се наоѓа на листата за продажба ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот