Еве зошто Реал сака да го продаде Родригез

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Се очекува до крајот на преодниот рок Родригез да го напушти Реал Мадрид кој исто така сака да се ослободи од услугите на својот играч.

Иако досега се шпекулираше за негов трансфер во Наполи, од тоа најверојатно нема ништо, и тој го одбрал Атлетико Мадрид за следна дестинација.

„Кралевите“ секако се против ваков трансфер, но со оглед на тоа што фудбалерот не сака во ниту еден друг клуб, ќе мора да го пушти во градскиот ривал.

Првиот човек на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез ја одреди цената од 50 милиони евра.

Атлетико би можел да ја искористи ситуацијата во која на Реал му се потребни парти со цел да го ангажира Пол Погба и така ангажираат нов одличен играч за врска на „Бернабеу“, а во целата приказна најверојатно е вмешан уште една ѕвезда на мадридскиот гигант, Герет Бејл, кого исто така сакаат да го продадат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот