Родителите доставија предлог за референдум против дигитализацијата во Собранието и барање за средба со премиерот Заев

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ до Собранието поднесоа предлог за покренување на граѓанска иницијатива за распишување на референдум за одлучување на државно ниво, соцел директно и непосредно изјаснување на граѓаните за нацрт-Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

– Иницијативата за референдум ја поднесовме во Собранието и доколку во рок од три дена претаедателот Џафери не ни одговори, ние ќе сметаме дека тоа е прифатено и ќе продолжиме со собирање на потписи, изјави воспитувачката Драгана Спасевска, која е раководител на оваа иницијатива.

– Потребни ни се 10 000 потписи за законски да можеме да организираме референдум. Засега само од првиот ден на протестите во Скопје собравме 600 потписи, но морам да кажам оти голем интерес има и как родителите во другите градови, додаде Спасевска.

Спасевска додаде и оти е доставено барање за разговор на оваа тема со премиерот Заев и неговите соработници, а истакна и дека доколку не добијат одговор, протестите ќе продолжат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот